Хроника Три лица се повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Три лица се повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Три лица се здобиле со потешки повреди, откако патничко возило марка „Форд Фокус“ со кичевски таблици на патот Гостивар-Кичево изгубило контрола, удрило во карпа и се превртело на покрив.

Сообраќајката се случила денеска околу 12 часот и 15 минути меѓу Мавровска крстосница и Сретково, пред превојот Стража. Од удирањето и превртувањето, возачот 53 – годишник од кичевско и двајца негови сопатници се здобиле со повреди по главата и телото и со возило на Итна помош се пренесени во Гостиварската болница.

Поради сериозноста на повредите, двајцата сопатници се префрлени на Скопските клиники.

Полицијата работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.