Македонија Три лица повредени со нож вчера попладне во Скопје

Три лица повредени со нож вчера попладне во Скопје

На улицата Џон Кенеди во Скопје, вчера, околу 15 часот, непознато лице со нож им нанело повреди на Б.С. (26) и на Х.С. (18), двајцата од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во Ургентен центар – Скопје и во ГОБ „Св. Наум Охридски“, при што кај Б.С. се констатирани тешки телесни повреди, убодна рана во пределот на стомакот, додека  Х.С., со лесни повреди, бил пуштен на домашно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Вчера, кај паркиралиштето „Скендер-бег“ во Скопје, околу 18.30 часот, физички бил нападнат Ф.И. (20) од неколку непознати машки лица. Тие со палки му задале неколку удари по телото, а двајца со нож му нанеле неколку убодни рани во пределот на грбот. По здобиените повреди Ф.И. отишол дома со автобус, по што со родителите бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани неколку убодни рани и е задржан на понатамошно лекување.