Хроника Три лица истепани од поголеми групи насилници

Три лица истепани од поголеми групи насилници

Во два одвоени случаи вчера, тројца скопјани биле истепани од групи насилници, соопшти СВР Скопје.

Првиот инцидент се случил во 18.35 часот, кога кај билетарницата на ЈСП, 15-годишник од селото Кадино без причина бил нападнат, како што соопшти полицијата, од пет-шест малолетни лица на возраст од 16 до 18 години, кои потоа заминале.

Вториот инцидент се случил во слаткарница на улицата Владимир Комаров во 22.20 часот, кога двајца скопјани на возраст од 18 и 19 години биле нападнати од пет-шест за нив непознати машки лица, кои исто така биле во слаткарницата. Во тепањето помладиот добил тешки телесни повреди.

Полицијата известува дека работи на откривање на напаѓачите.