Македонија Тргната забраната за товарни возила на Стража

Тргната забраната за товарни возила на Стража

Денеска сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. Од 7.30 часот се укинуваат забраните за тешки товарни возила на Стража, кракот кон Маврово и на Пресека.

Намалена видливост поради магла има во Битола и во Македонски Брод до 100 метри и на Плетвар до 50 метри. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.