Македонија Трета акција „В џеб, ако нема каде друго!” за чистење на Водно

Трета акција „В џеб, ако нема каде друго!” за чистење на Водно

Во организација на Движењето ЛЕАД, денеска група млади од различна етничка припадност ќе спроведат акција за чистење на Водно од отпадоци.

Акцијата која е трета по ред, во рамките на проектот „В џеб, ако нема каде друго!“, групата ќе ја почне во 10 часот од Средно Водно.

Проектот „В џеб ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата „Цивика мобилитас“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и од Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.