Македонија Трет ден протести во Куманово против одлуката за аболиција на Иванов

Трет ден протести во Куманово против одлуката за аболиција на Иванов

Граѓаните на Куманово организирани од „Протестирам“, трет ден по ред излегоа на мирен протест против одлуката за аболиција на политичари од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Протестот почна пред зградата на Основниот суд, од каде граѓаните се упатија кон центарот на градот.

На демонстрантите по пат им се придружуваат минувачи.

Протестот против одлуката за аболиција, како што е планирано, ќе заврши од каде што почна, односно пред зградата на судот.

Протестот во Куманово се одвива во мирна атмосфера, а го обезбедуваат полициски сили кои ја следат колоната демонстранти.