Македонија Трајанов на годишната сесија на ПС на НАТО во Хаг

Трајанов на годишната сесија на ПС на НАТО во Хаг

Пратеникот Павле Трајанов, во својство на член на делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, од 21 до 24 ноември, учествува на годишната сесија на ПС на НАТО што се одржува во Хаг, Кралство Холандија.

Во текот на сесијата, комитетите и собранието ќе разгледаат и усвојат неколку извештаи и резолуции поврзани со ситуацијата во Украина, хуманитарната криза на јужната граница на Европа, авганистанските сили за безбедност по 2014 година, стабилноста на Средниот Исток и за политиката на отворена врата на алијансата.