Економија Трајанов достави предлог до Собранието минималната плата да изнесува 300 евра

Трајанов достави предлог до Собранието минималната плата да изнесува 300 евра

Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, до парламентот достави предлог-закон за определување на минимална плата во износ од 300 евра.

Според Демократскиот сојуз, ниските плати не ги мотивираат вработените, негативно влијаат на продуктивноста, иновациите, а младите и креативни кадри заминуваат во странство.

Според оваа партија, доколку се зголеми минималната плата од 9.500 на 18.000 денари, тоа ќе биде основа за отварање на расправа за тоа колку се платени вработените во нашата земја.