Дописници Традиционална полска вечер на „Охридско лето“

Традиционална полска вечер на „Охридско лето“

Во централниот музички храм, црквата „Света Софија“, вечерва на фестивалот „Охридско лето“ ќе се одржи традиционалната полска вечер.

Целовечерната програма ќе ја исполни македонскиот камерен оркестар „Македонски виртуози“, со солистот Маријан Собула (пијано) и со составот „Глас дуо“, заедно со диригентот од Полска, Јацек Рогала.

Концертната дејност на Рогала се протега и надвор од eвропските граници, и тоа во Канада, Еквадор, Перу и во Виетнам.

На програмата ќе бидат дела на Григ, Шимановски, Бах, Чајковски, Дворжак, Пјацола, Шопен, Стинг и на Сафраниек.

Составот „Глас дуо“ (Glass Duo) го сочинуваат музичарите Ана и Аркадиус Сафраниек. Како што кажува и самиот наслов, овие двајца изведувачи произведуваат звук со помош на чаши коишто опфаќаат цели пет октави.

Мариан Собула е еден од најталентираните пијанисти на својата генерација. Добитник е на повеќе награди на национални и на интернационални натпревари. Значајни се и неговите мајсторски курсеви кои ги одржува редовно во повеќе земји во Европа и во Азија.