Македонија Товарен воз на релација Гевгелија – Скопје излета од шини

Товарен воз на релација Гевгелија – Скопје излета од шини

Товарен воз, кој се движел на релација Гевгелија – Скопје, во 8.31 часот, при влез во станицата во Демир Капија, излизнал во свртница, при што ја оштетил, како и дел од колосеците, сигналите и вагонoт, информираат од „Македонски железници – Инфраструктура“.

На терен е излезена комисија за увид и за расчистување на настанот, при што ќе се утврдат причините поради кои се случил инцидентот.

Се прават напори да се пренасочи сообраќајот во друг колосек за да нема застој во железничкиот сообраќај.