Македонија Топол и сончев ден денеска

Топол и сончев ден денеска

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево и топло, со умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура се движеше од -1 до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 14 и 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се спушти до 3 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и топло време, со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминуваат 20 степени.

Под влијание на влажен воздушен и постуден бран, в понеделник во вечерните и ноќни часови ќе настапи промена на времето. Наместа ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.