Македонија Топло време со температури до 24 степени, вечерва дожд

Топло време со температури до 24 степени, вечерва дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура се движеше од 2 до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 14 и 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена обланост и со слаб ветер од западен и југозападен правец.  Дневната температура ќе се искачи до 21 Целзиусов степен.

Под влијание на влажен и постуден бран вечерва и ноќва ќе настапи значителна промена на времето. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Врнежите ќе продолжат и утре, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.