Свет Балкан Тодор Петров – учесник во кампањата за локалните избори во соседна Албанија

Тодор Петров – учесник во кампањата за локалните избори во соседна Албанија

Претседателот на Светски македонскиот конгрес, Тодор Петров, директно учествува во кампањата за престојните локални избори во соседна Албанија.

Петров, вчера, во селото Горна Горица, Мала Преспа, говореше на преставувањето на програмата на Македонска алијанса за европска интеграција за локалните избори и на кандидатот за градоначалник за општина Пустец, Едмонд Темелко.

Темелко и досега ја извршуваше функцијата градоначалник на единствената општина на Македонците во Република Албанија.

Освен во Пустец, Македонска алијанса за европска интеграција на овие локални избори излегува со советнички листи во 16 општини во Албанија.

Македонска алијанса за европска интеграција на локалните избори е дел од владејачката коалиција, Алијанса за европска Албанија.