Дописници „Титоисти“ потсетуваат: На 22 декември – Ден на ЈНА

„Титоисти“ потсетуваат: На 22 декември – Ден на ЈНА

Здружението „Титоисти“ од Охрид, денеска се огласи со соопштение, сакајќи да потсети на 22 декември, датумот кој народите во поранешната југословенска држава го одбележуваа како Ден на ЈНА.

„Во редот големи датуми во СФРЈ, едно од најзначајните места го зазема и 22 декември. Сега е вистинско време, постарите генерации да се потсетат, а оние помладите да научат нешто повеќе за значењето на овој датум, на кој во текот на Втората светска војна, во градот Рудо, во Босна и Херцеговина, формирана е Првата пролетерска народно-ослободителна бригада, како дел од партизанските единици. Оваа воена формација е предвесник на ЈНА, која своето конечно име го добива на денешен ден, 1951 година, а се третираше како четврта воена сила во Европа“, потсетуваат од Здружението „Титоисти“ од Охрид.