Свет Тигар уби човек во Тбилиси

Тигар уби човек во Тбилиси

Албино-тигар кој побегнал од поплавената зоолошка градина во Тбилиси денеска убил маж, јавуваат локалните медиуми.

Портпаролката на министерството за внатрешни работи изјави дека нападот се случил кога мажот влегол во складиштето на градскиот базен. Специјалните полициски сили го убиле животното.

Во поплавите во Тбилиси, кои се случија на 14 јуни, загинаа 19 лица, а уште шест се сметаат за исчезнати.