Економија Тевдовски: Да се победи нееднаквоста и да се врати средната класа

Тевдовски: Да се победи нееднаквоста и да се врати средната класа

Опозицискиот СДСМ го претстави четвртиот столб од „Визија за Македонија“, „Европска иднина и квалитетен живот“.

Според опозициската партија, клучна улога има стабилен државен систем во кој граѓаните добиваат квалитетни услуги во здравството, образованието, животната средина, културата, локалната самоуправа.

Целта, според претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, е да се победи нееднаквоста во општеството и да се врати средната класа.

– Воведуваме одговорна власт, праведни даноци, извлекуваме од сиромаштија, го поддржуваме развојот на домашните претпријатија, вложуваме во домашни капацитети, застануваме на страната на работниците, отвораме иднина за младите дома – изјави Тевдовски.