Македонија Тетовските гимназијалци утре се враќаат на училиште

Тетовските гимназијалци утре се враќаат на училиште

По дводневен бојкот, од утре, учениците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ повторно ќе одат на училиште.

Ова беше договорено на вчерашниот состанок на градоначалничката Теута Арифи со управата на гиманзијата и со советот на родители.

Наставата, според договорот, нема да се одвива во досегашната барака, туку ќе биде најдено привремено решение што ќе биде договорено во текот на утрешниот ден.