Македонија Тетово се задушува, Скопје и Битола одвај дишат

Тетово се задушува, Скопје и Битола одвај дишат

Во 11 часот утринава, загадувањето на амбиенталниот воздух во Тетово е на многу високо ниво, а во Скопје и во Битола на високо ниво. Во Тетово нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 237 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси петпати повеќе од дозволените 50 микрограми.

Високо ниво на ПМ10-честичките, освен во Битола, се забележува и во скопските општини Центар, Лисиче, Гази Баба, Каропш и на мерната станица Ректорат. Средно ниво на загаденост има во Миладиновци, Кичево, Велес и во Кавадарци. Во Центар се забележува средно ниво, а во Карпош високо ниво и на ПМ2,5-честички.

Најголем степен на загаденост беше забележана во доцните вечерни часови. Во 22 часот мерните станици во Лисиче и во Тетово покажаа концентрација на ПМ10-честичките од речси 600 микрограми на еден кубен метар, што е за 12 пати повеќе од дозволеното.

Во случај на надминување на прагот од 50 микрограми на еден кубен метар на ПМ10-честички и во пет последователни дена, Министереството за животна средина и просторно планирање издава предупредување да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, за затоплување на простории да не се користи каков било синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.