Хроника Тетовец ограбил пензионер во Струга

Тетовец ограбил пензионер во Струга

Струшката полиција поднела кривична пријава против 35-годишниот тетовец Џ.С., осомничен дека на почетокот на минатиот месец ограбил пензионер, информира полицијата.

Против него е поднесена кривична пријава за кражба.

Кражбата, според полицијата, се случила пред банка во Струга, каде 78-годишниот пензионер ја подигнал пензијата, а кога излегол надвор, две лица се втурнале во него. Кратко потоа, пензионерот забалежал дека му го нема паричникот, во кој имало 145 евра и 10.500 денари.

Од полицијата додаваат дека осомничениот бил познат сторител на вакви кривични дела и против него досега биле поднесени повеќе кривични пријави.