Свет Европа Тестирана новата руска ракета „ангара-А5“

Тестирана новата руска ракета „ангара-А5“

Првото тестирање на новата руска ракета-носач од тешка класа „ангара-А5“, утринава се случи на космодромот „Плесецк“.

Преку видеоконференциска врска, рускиот претседател Владимир Путин беше дел од истрелувањето на ракетата.

Ракетата беше лансирана во 6.57 часот по средноевропско време. Деловите на „ангара“ ќе паѓаат во специјално определени реони на Република Коми, во Томската област и во Тихиот Океан или во Филипинско Море.

Првите истрелувања на ракетата со вистински вселенски апарати се очекуваат во текот на 2016-2017 година.