Свет Балкан Тесна трка на парламентарните избори во Бугарија

Тесна трка на парламентарните избори во Бугарија

Граѓаните на Бугарија денеска гласаат на предвремени парламентарни избори во тесна трка помеѓу поранешниот премиер Бојко Борисов, кој со оставка издејствува избори, и опозиционите социјалисти кои се за приближување кон Русија.

На избирачките места кои се отворени во 7 часот наутро, ќе се гласа до 20 часот кога се очекуваат првите процени од исходот на изборите. Право на глас имаат околу 6,8 милиони Бугари.

Одѕивот на избирачите до 13 часот беше 25,31 отсто, односно два отсто поголем отколку на претходните избори одржани во октомври 2014 година, кога одѕивот на гласачите беше најмал од 1990 година.

Според последните анкети, партијата на десниот центар Граѓани за европски развој на Бугарија на Бојко Борисов, повторно би можела да освои најголем број гласови.