Свет Европа Тешкото оружје останува на истокот на Украина

Тешкото оружје останува на истокот на Украина

Украинската војска соопшти дека не може да почне со повлекување на тешкото оружје од првата линија на фронтот на истокот на земјата затоа што проруските активисти не престануваат да ги напаѓаат позициите на владините сили, без разлика на постигнатиот договор за прекин на огнот.

Проруските активисти во текот на претходната ноќ двапати ги гранатираа позициите на владините сили, соопшти Анатоли Стелмаки.

– Имајќи предвид дека не престанува гранатирањето на позициите на украинската војска, уште не може да се зборува за повлекување на оружјето – изјави Владислав Селезњов.

Страните во украинскиот конфликт се согласија на повлекување на оружјето од првата линија на фронтот во согласност со спогодба од Минск, но поради инцидентите, сè уште не се знае кога ќе почне.