Хроника Тешка сообраќајка во Струмица

Тешка сообраќајка во Струмица

Тешка сообраќајна незгода се случила утрово на булеварот Климент Охридски во Струмица, при судир на патничко возило и на комби. Патничкото возило е сосема уништено, а лицето што управувало со него поминало со полесни повреди.

Со патничкото моторно возило управувал 20-годишник кој бил целосно заглавен на седиштето, па морале да интервенираат и да го вадат од смачканиот автомобил.

Сообраќајката се случила околу 5 часот утринава.