Свет Балкан Терористички напад во Анкара, се разнесе бомбаш самоубиец

Терористички напад во Анкара, се разнесе бомбаш самоубиец

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека еден терорист се разнесе, а вториот е неутрализиран

Фото: Türkiye Savunma Sanayi Platformu

Во Анкара денеска се случи терористички напад кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на турскиот парламент, пренесе Би-би-си.

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека „еден терорист се разнесе, а вториот е неутрализиран“ во терористичкиот напад во близина на министерството во главниот град Анкара.

Јерликаја во објавата на социјалните мрежи напиша дека терористите се доближиле до зградата на министерството со лесно комерцијално возило и дека еден од нив го активирал експлозивот и се разнел, а вториот, додаде, бил „неутрализиран“ во престрелката со полицијата која следела, во која двајца полицајци, исто така, биле полесно ранети