Свет Свет Терористи од Пакистан упаднале во Индија

Терористи од Пакистан упаднале во Индија

Повеќе од 60 вооружени терористи од Пакистан влегле на територијата на Индија, јавува весникот „Тајмс оф Индија“, повикувајќи се на информација на индиските специјални служби.

Весникот наведува дека терористите, од кои повеќето се припадници на сепаратистичката група Хизб ул Муџахидин упаднале во Индија, користејќи ја нестабилната ситуација во државата Џаму и во Кашмир.

Според податоците на индиското разузнавање, терористите имаат за цел да ја дестабилизираат ситуацијата во Џаму и во Кашмир.