Свет Тепачка за барбика на „црн петок“

Тепачка за барбика на „црн петок“

Во 2013 година американците за време на „Црн Петок“ потрошиле 57.4 милијарди долари.

Купувачката манија во САД и во Велика Британија за „црн петок“ почна вчеравечер на Денот на благодарноста и продолжува денеска. Во Лос Анџелес две жени се степале во „Волмарт“ за кукла „барби“, за што бил повикан заменикот на шерифот. Во Манчестер, Англија, двајца мажи се скарале за телевизор во супермаркетот „Теско“. Засега нема повредени во големите турканици за време на распродажбите низ продавниците.

Таканаречениот „црн петок“ е последниот петок од ноември, еден ден по Денот на благодарноста, кога почнува купувањето новогодишни подароци. Тогаш продавниците низ САД и низ Велика Британија нудат огромни попусти, што предизвикува огромен метеж и инциденти.

Во 2013 година, приближно 141 милион Американци купувале за време на „црн петок“ и потрошиле 57,4 милијарди долари.