Видео Тепачка во украинскиот парламент

Тепачка во украинскиот парламент

Во украинскиот парламент изби тепачка откако еден од пратениците од владејачката коалиција стана и од говорницата го отстрани премиерот Арсениј Јацењук.

Јацењук бил на говорницата кога му пришол Олег Барна и му предал букет рози, а веднаш потоа го подигнал и го однел од подиумот.

Членовите на партијата на Јацењук, Народен фронт, го турнале и го удриле Барна по што реагирале и пратениците од блокот на претседателот Петро Порошенко.

Спорот траел неколку минути по што пратениците се вратиле во клупите. Во парламентот се водела расправа за доверба на владата.