Свет Телефонски состанок за состојбата во Украина

Телефонски состанок за состојбата во Украина

Tелефонски состанок, на кој повторно ќе се обидат да најдат решение за кризата во Украина, за денеска договорија украинскиот претседател Петро Порошенко, рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Франко-германскиот план предвидува повеќе автономија за источните региони на Украина. Тој предвидува демилитаризирана зона од 50 до 70 километри во ширината на линијата каде што се наоѓа фронтот.