Свет Свет Техеран демантира: Руски ракети не паднале на територија на Иран

Техеран демантира: Руски ракети не паднале на територија на Иран

Наводите дека руски ракети, испукани кон Сирија од Каспиското Море, паднале на територија на Иран се лага и претставуваат дел од „психолошката војна“, изјави денеска иранскиот воен командант Муса Камали, додавајќи дека Западот сигурно ќе ги објавел доказите доколку ги поседувал.

– Да имаше потврди дека руски ракети паднале на иранска територија, за тоа би имало и докази, а тоа сигурно би го покажале, но извештаите се измислени – рече бригадниот генерал Камали.