Македонија Татко под истрага за полови дејствија кон сопствената малолетна ќерка

Татко под истрага за полови дејствија кон сопствената малолетна ќерка

Сомнежите се дека таткото во повеќе наврати, во текот на изминатава година ѝ прикажувал на својата ќерка родена во 2016 година видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел „други полови дејствија“

Фото: The image was posted by Anemone123 on Pixabay

Основното јавно обвинителство Кавадарци, донело наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник, за кого постои основано сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија кон сопствената малолетна ќерка.

Според информациите од Обвинителството, постои сомнение дека таткото во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи го тоа што со девојчето живеел во иста семејна заедница, ѝ прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија. Девојчето било родено во 2016 година.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци определил мерка притвор за осомниченото лице во времетраење од 30 дена.