Македонија Татко и син спасени во драматична потрага по сообраќајка во Кавадарци, детето...

Татко и син спасени во драматична потрага по сообраќајка во Кавадарци, детето било присебно и побарало помош на 112

Како што информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев детето многу успешно ги водело спасувачките екипи до местото каде што се случила несреќата, по што биле превезени во кавадаречката болница, а потоа и на скопските клиники

Фото: Митко Јанчев

Татко и син биле спасени по сообраќајна несреќа во Кавадарци, откако детето се јавило на единствениот број за пријавување несреќи, пожари, ризици и опасности 112 и побарало помош. Како што информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев детето многу успешно ги водело спасувачките екипи до местото каде што се случила несреќата, по што биле превезени во кавадаречката болница, а потоа и на скопските клиники.

„Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Дреново- Кавадарци. Автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22 метри од патот. Случајот го пријави детето кое има само осум години, и кое и покрај повредите успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко“, напиша Јанчев на својот профил на Фејсбук.

Тој вели дека благодарение на пожарникарите кои биле во постојана комуникација со детето, колата била пронајдена, а двајцата со тешки повреди од општата болница во Кавадарци се пренесени во Скопје.

„Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите успеал да се јави и да побара помош со зборовите: ‘гледам само темница, заглавен сум, се ме боли, а татко ми не дише’“, напиша Јанчев.