Македонија Талески: Офицерскиот дом ќе прерасне во куќа на културата

Талески: Офицерскиот дом ќе прерасне во куќа на културата

Офицерскиот дом ќе прерасне во куќа на културата, во која ќе се одржуваат различни културни настани, театарски претстави и концерти, изјави на денешната прес-конференција, градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

– Во изминатиов период Офицерскиот дом имаше лавиринт од надлежности, но сега на најдобар начин ќе може да се заштити и санира овој објект од големо културно и историско значење. Деновиве имаше различни реакции од граѓаните, но ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има слух да го чуе гласот на народот – рече Талески.