Свет Тајфунот Ноул ја погоди Јапонија

Тајфунот Ноул ја погоди Јапонија

Силен тајфун денеска го погоди југот на Јапонија откако ги зафати Филипини, каде во невремето загинаа две лица.

Тајфунот Ноул попладнево, по локално време, бил над Јакушима и кај брегот на јужниот брег на Кјушу, околу 1.600 километри југозападно од Токио, соопшти јапонската метеоролошка служба.

Се очекува невремето да стигне до островот Хоншу, главниот остров во архипелагот, во текот на денов или утре наутро.

Метеоролозите соопштија дека тајфунот ќе биде проследен со силен дожд и оти ќе предизвика силни бранови долж брегот.