Македонија Тачи: Целта на одлуката на Уставниот суд е да се врати старата...

Тачи: Целта на одлуката на Уставниот суд е да се врати старата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Имаме среќа што меѓународниот фактор сѐ уште мисли на нас. Да не оставеа сами на себе, ќе се самоубиевме до сега, изјави денеска претседателот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Азија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји

– Во мојата политичка кариера од ништо не ми се гадело повеќе отколку од оваа одлука на Уставниот суд. Да не бидеме преголеми оптимисти. Зад оваа одлука на уставните судии стои договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Целта им е да се врати старото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тоа нема логика –  изјави Тачи.

Тој рече дека пратениците на ДПА најверојатно нема да учествуваат на денешната собраниска седница.

– Ние не гласавме за избори на 5 јуни и за распуштање на Собранието. Ние сме етничка опозиција на Албанците и макотрпно се трудиме да има решенија и за етничката компонента – рече Тачи.