Македонија Тачи: Паралелно со преговорите за излез од кризата, разговараме и за решение...

Тачи: Паралелно со преговорите за излез од кризата, разговараме и за решение на проблемот за името

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по денешната средба со американскиот конгресмен Елиот Енџел и со американскиот амбасадор Џес Бејли, изјави дека спорот за името е дел од преговорите на лидерската четворка, на чии состаноци присуствуваат и Бејли и амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, објави „Телма“.

Тачи не откри повеќе детали, но вели дека дел од пакетот на маса е спорот за името, а тврди дека неговиот впечаток по посетата на Коѕиас во Скопје е дека грчките ставови не се повеќе така радикални по прашањето за името.

Тачи вели дека премногу е рано да се дискутира околу можноста за референдум за името заедно со иборите во април догодина.