Македонија Тачи: Новата партија ја чини ДУИ пет пратеника

Тачи: Новата партија ја чини ДУИ пет пратеника

„Новата партија ја чини ДУИ пет пратеника. Партијата што имаше 19 пратеници, сега има 14“, изјави денеска Мендух Тачи, лидерот на ДПА.

Тој вели дека за Албанците е важно ДУИ да замине во опозиција.

– Ако ДУИ отиде во опозиција, не значи дека ДПА ќе победи, туку дека албанската опозиција ќе победи – вели Тачи, додавајќи дека е многу рано да се каже дали опозицијата ќе се здружи.

Тој ветува дека секој што ќе даде мал придонес во симнувањето на ДУИ од власт ќе биде дел од тимот што Тачи ќе го води по 24 април следната година.