Македонија Тачи: Изборите на 24 април ќе бидат фер и демократски

Тачи: Изборите на 24 април ќе бидат фер и демократски

Парламентарните избори на 24 април идната година ќе бидат фер и демократски, изјави денеска претседателот на ДПА, Мендух Тачи, кој рече дека за тоа добил гаранции од ЕУ и од САД.

На предновогодишна средба со членството и со симпатизерите на партијата во Тетово, тој истакна и дека доколку некој се осмели тоа да не се случи, „овојпат ќе добие пенали“.

Во однос на очекувањата од изборите, Тачи посочи дека не очекува целосна промена, но изрази надеж дека ќе се случи промена кај Албанците, со што ќе се измени и начинот на владеење.