Македонија Тачи: ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени

Тачи: ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи се сретна со заменик-помошникот државен секретар, Метју Палмер, во резиденцијата на американскиот амбасадор Џес Бејли

„На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на Договорот од Преспа, како и за реформскиот процес. Тачи на средбата истакна дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа, како и процесот на реформи за целосна интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ“, се вели во соопштението на ДПА.

Палмер утрово се сретна и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Како што соопштија од ДУИ, на средбата се разговарало околу последните политички случувања во земјата, спроведувањето на Договорот од Преспа, реформите како и Евроатланската интеграција. Ахмети на средбата истакнал дека „петокот бил само почеток на повеќе месечниот процес за спроведување на Договорот од Преспа“.

Палмер, како што е најавено ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и со претставници на политичките партии.