Свет Свет СЗО: Од ебола починале околу 9.000 луѓе

СЗО: Од ебола починале околу 9.000 луѓе

Досега од ебола во светот починало 8.921 лице, информираше Светската здравствена организација. Оттаму велат дека најмногу од нив се од Гвинеја, Либерија и од Сиера Леоне. Најголем број, односно 3.710 починати и 8.668 заразени, се регистрирани во Либерија.

Во Сиера Леоне од 10.707 инфицирани починале 3,274, а во Гвинеја од 2.959 заразени смртно настрадале 1.937 лица.

Светската здравствена организација во октомври прогласи крај на епидемијата од ебола во Сенегал и во Нигерија, а во ноември и во Демократска Република Конго.