Хроника СВР Велес заплени повеќе од 88 килограми марихуана

СВР Велес заплени повеќе од 88 килограми марихуана

На локалниот пат Велес – Башино Село, на 6 август полицијата сопрела автомобил „волксваген венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.А.(37) од Скопје.

При извршениот претрес на возилото, биле пронајдени 178 поголеми пакувања со тревкаста материја. По завршеното вештачење било утврдено дека пронајдената материја била наркотична дрога марихуана, во вкупно количество од 88 килограми и 771 грам.

Осомничениот С.А. бил приведен во СВР Велес и со него бил извршен разговор, при што тој појаснил дека пронајдената дрога ја зел од две засега непознати лица од Косово и незнаејќи ја содржината на вреќите и на куферите, тргнал кон Гевгелија.

Како што изјавил, за транспортот требало да му бидат исплатени од 2.000 до 3.000 евра. Судија на претходна постапка на пријавениот С.А. му определил притвор во траење од 30 дена.