Хроника СВР Битола поднела 25 кривични пријави за нелегална сеча на дрва

СВР Битола поднела 25 кривични пријави за нелегална сеча на дрва

СВР Битола, по преземените акции на подрачјата што се под нејзина надлежност, а во рамките на пообемната полициска акција „Гора“, од јуни до средината на овој месец, поднела вкупно 25 кривични пријави за нелегална сеча на дрва, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, пријавите се поднесени против 37 физички лица и три фирми за вкупно 28 кривични дела кражба, пустошење шуми, злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување службена исправа, фалсификување и уништување деловни книги и фалсификување исправа.

На подрачјата на полициските станици Македонски Брод и Крушево, според МВР, било откриено пустошење на шума и бесправна сеча на дабови стебла од вкупно 520 кубни метри, со што била предзвикана материјална штета од околу 1,5 милион денари.

При акциите полицијата запленила повеќе од 270 кубни метри огревно дрво, претежно даб, а биле одземени седум товарни возила, 38 автомобили, осум трактори, 19 запрежни возила, еден шпедитер, 14 моторни пили, 10 рачни пили и пет секири.