Дописници Свлечиште го блокира локалниот пат во селото Шипковица

Свлечиште го блокира локалниот пат во селото Шипковица

Свлечиште на земја, околу 2 часот утринава се урна на локалниот пат во село Шипковица, Тетовско. Свлечиштето е долго 10 метри и високо 6 метри. Поради ерозија на земја, денеска се блокирани патните правци кон селата Бродец, Вешала и Бозовце. Случајот е пријавен во 7 часот утринава, а екипи на град Тетово со градежна механизација го расчистуваат теренот и очекуваат во текот на денот локалниот пат да биде прооден.

Оттаму првично сметаат дека ерозијата на земјиштето се случила поради дождот кој наврна изминативе денови во Тетово.

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, изјави дека очекуват Владата да го одобри акцискиот план за да се спроведат превентивни мерки за заштита од свлечишта во Шарпланинскиот масив.

Пред месец и половина, Шипковица беше најпогодена од свлечиштето поради кое имаше и неколку загинати жители.