Македонија „Свирни за поддршка“, герила-акција на средношколците

„Свирни за поддршка“, герила-акција на средношколците

По третата ноќ помината во кампот пред Министерството за образование, средношколците утрово почнаа герила-акција „Свирни за поддршка“.

Застанати со транспаренти и со свирчиња на улицата пред Министерството за образование, тие бараат возачите да им изразат поддршка така што ќе свирнат од своите автомобили.

Речиси сите возачи од двете колони на улицата свират и ги охрабруваат средношколците да бидат истрајни во оставарување на нивните барања.

Денеска се очекува трета средба меѓу претставници од „Средношколски пленум“ и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми. Средношколците за денешната средба побараа посредништво од Народниот правобранител, Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Хелсиншки комитет бидејќи, како што велат, не сакаат да паднат во политички игри.