Свет Светските сили договорија прекин на огнот во Сирија

Светските сили договорија прекин на огнот во Сирија

Водечките светски сили постигнаа договор за прекин на судирите во Сирија и за достава на хуманитарна помош на жителите, јавуваат светските медиуми.

Државниот секретар на САД, Џон Кери, на новинарите им соопшти дека состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија резултирал со договорот за прекин на судирите во рок од една недела и за достава на хуманитарна помош.

Кери, по маратонските разговори во Женева, во кои учествувале Русија и уште 15 земји, рече дека сите земји вклучени во разговорите се сложиле за воспоставување мир во Сирија. Американскиот државен секретар, кој на прес-конефернцијата беше придружуван од рускиот министр Сергеј Лавров и од претставникот на ОН, Стефан де Мистура, призна дека ветувањата на состанокот во Минхен засега се само на хартија.

Тој и Лавров се согласија дека ќе биде „вистински тест“ дали завојуваните страни во Сирија ќе ги испочитуваат преземените обврски.

Кери рече дека прекинот на огнот нема да се однесува на Исламска држава и на други групи милитанти што се борат во Сирија.

Според документот што го прифати Меѓународната група за поддршка на Сирија, судирите би престанале во рок од една недела, а хуманитарната помош на некои подрачја би требало веднаш да биде доставена.