Свет Светски експерти за хемиско оружје бараат докази во Сирија

Светски експерти за хемиско оружје бараат докази во Сирија

Тим од светски експерти специјализирани за хемиско оружје, е испратен во Турција да собере примероци во рамки на истрагата за наводниот хемиски напад во Сирија од минатата недела, во кој загинаа 87 лица.

Мисијата за утврдување факти ја поведе Организацијата за забрана на хемиското оружје, со седиште во Хаг, за да се приберат биометриски примероци и да се интервјуираат преживеаните.

Амбасадорот на Велика Британија при ОН, Метју Рајкрофт, вчера изјави дека анализата на примероците земени од местото на нападот со хемиско оружје во Сирија покажале дека се позитивни на гасот сарин и на слични супстанции.