Дописници Светиниколчанец загина во сообраќајна несреќа

Светиниколчанец загина во сообраќајна несреќа

Четириесет и двегодишен жител на Свети Николе го загуби животот во сообраќајна несреќа, која се случи синоќа по 20 часот кај Овче Поле.

Горан С. загинал на самото место при судир на мопедот на кој се возел, а кој го управувал С.Ѓ.(38), со возило, марка „пежо“ управувано од С.С.(51) од Куманово. Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, по што веднаш е пренесен во Скопје.

Регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај раскрсницата за селото Пеширово, синоќа беше во прекин, а полицијата и Јавен обвинител вршеа увид. Од СВР Штип засега нема информација дали двајцата патници на мопедот носеле заштитни шлемови. И двете возила се движеле во ист правец, кон Куманово.

В.К.