Македонија Свечена академија по повод 11 Октомври

Свечена академија по повод 11 Октомври

Во Македонскиот народен театар денеска ќе се одржи свечена академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. Настанот е под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

На академијата се поканети државниот врв и дипломатскиот кор во Македонија, министри, пратеници во Собранието, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и од економскиот живот.