Економија Сугарески учествува на конференција во Софија за мултимодален транспорт

Сугарески учествува на конференција во Софија за мултимодален транспорт

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески учествува на конференција посветена на европскиот мултимодален транспорт, која се оддржува во Софија.

Во рамките на конференцијата, Сугарески ја претставил стратегијата за развој на мултимодалниот транспорт, како можност за подобро поврзување.

„Македонија има изработено физибилити студија во која е утврдена една точка каде се вкрстуваат патничкиот и железничкиот транспорт. Мултимодалниот транспорт во таа точка треба да обезбеди побрзо и поефикасно одвивање на целокупниот транспорт. Во следниот период, потребно е да се изработи проектна документација и да се распише јавен повик за изградба на таква функционлана целина која ќе ги задоволи сите меѓународни стандарди за унапредување на севкупниот транспорт во Македонија“, изјави Сугарески.

Тој додаде дека државата видела различни искуства во земјите од Европа како е спроведен овој вид на транспорт.

Во рамките на конференцијата, Сугарески се сретнал со еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, но остварил и билатерални средби со министрите за транспорт од регионот.