Македонија Судскиот совет ги оценил годишните извештаи за работата на судовите

Судскиот совет ги оценил годишните извештаи за работата на судовите

Судскиот совет на Република Македонија денеска, на 191. седница, ги разгледал и ги оценил годишните извештаи за работата на судовите во Република Македонија за 2014 година.

Како што се наведува во соопштението, на јавната седница извештаите биле разгледани во присуство на претседателите на Вишиот управен суд, Управниот суд, Апелацискиот суд Скопје, Апелацискиот суд Битола, Апелацискиот суд Гостивар и на Апелацискиот суд Штип, како и на претседателот на Основен суд Скопје 1 и в.д. претседателот на Основен суд Скопје 2.