Македонија Судската администрација најави тридневен штрајк

Судската администрација најави тридневен штрајк

Tридневен штрајк, на 23, 24 и на 25 март, најавија од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Македонија (УПОЗ) и Здружението на судската администрација, незадоволни од односот на Министерството за информатичко општество и администрација и од запирањето на преговорите околу новите законски решенија.

Штрајкот ќе се одржи во сите судови во земјава, а на 25 март е закажан протест.

Судската администрација лани имаше предупредувачки штрајк со кој негодуваше за некои решенија од Законот за администрација и од Законот за судска служба и ги оцени како мошне неповолни за судската администрација.